Како да регистрирам .mk домен преку Hosting.mk?
Регистрацијата на домен преку Hosting.mk се врши во неколку чекори.
  • Отворете свое корисничко име, по што ќе се најавите и ќе ги внесете вашите основни податоци како Регистрант (физичко или правно лице).
  • Додавате лице кое ќе биде Ваш Административен контакт (за физички лица, може да биде самиот Регистрант)
  • Ги внесувате именските опслужувачи и техничкиот контакт
  • Креирате барање, кое дополнително мора да биде доставено кај нас (Правилник на Марнет), по што барањето влегува во процедура на обработка, која доколку е се во ред трае не подолго од 15 минути (Барањата се обработуваат по редослед на пристигнување).